Блекаут

02 March 2006

Број на постови на Блогерај од октомври до вчера

Од време на време во едно екселче си ги внесувам податоците за број на постови по денови од календарчето на насловната страница на Блогерај. Со оглед на тоа што правењето споредба на посетеноста на најпосетените македонски блогови одзема прилично време, решив наместо тоа да го објавам тековното графиконче од овој мониторинг (клик на сликата за поголема верзија).

Инаку, според оваа евиденција, околу 7% од постовите после некое време се бришат.

5 comments:

Anonymous said...

Не контам од каде од графиконот следи дека се бришат толку и толку посто постови?

Развигор said...

Петар, точно е дека графиконот не содржи информација за бришењето. Дека има избришани постови увидов кога наместо само да додавам податоци за датуми од каде што сум запрел претходниот пат, ги споредив и податоците што ги дава календарот со податоците што ги имам веќе собрано. Разликата беше околу 7%.

Anonymous said...

Друже,

има правило како се бришат? Кој ги брише? Има полиси кај што јасно пишува како и кој брише... И зошто?

Мислам сигурно се работи за спем, но бришење без јавна политика = цензура.

Развигор said...

Би, од разни сајтимитери што сум ги следел во последниве 5 години, дефинитивно посетеноста на македонски сајтови опаѓа во деновите од викендот, за 20-50%.

Веројатно поради тоа што голем број луѓе сурфаат од работа или од училиште/факултет...

Развигор said...

Јован, не знам по кое правило се бришат, мојот интуитивен впечаток е дека самите корисници си ги бришат.

Од изјавата на Блогмастерот на средбата во Метаморфозис добив впечаток дека има многу што отвораат блогови на Блогерај и не ги „работат“ „по П.С.-у“ туку си експериментираат, а потоа ги покриваат трагите.