Блекаут

12 March 2006

Првиот потпис со блог во колумна на весник!

Честитки до Ивица Боцевски што успеал адресата на неговиот блог да излезе во потписот на најновата колумната во „Утрински весник“. Дури и линкот е поставен како што треба, што е редок случај при качувањето на написи од весниците на интернет.

Вакво нешто не е добро само за колумнистите, туку и за весникот, оти покажува дека е поспремен за новите медиуми.

PS
Во насловот се мисли на македонски весник. Ја увидов непрецизноста, но не сакам да го менувам за да не се промени пермалинкот.

1 comment:

GoodBytes said...

А прочитав баш пред некое време кога Ивица некаде рече дека ќе бара од весникот да го потпишуваат со линк кон блогот. Значи успеал... :-)

И јас како читател на некои колумнисти би сакал да отворат блогови во кои ќе коментираат поопширно и послободно, а и ќе може директно да се комуницира со нив преку коментари.

Сега уште Ивица да ги зарази колегите и да си отворат блогови.