Блекаут

27 March 2006

Коментар на топ-листата според Технорати

Неколку забелешки во врска со најновата топ-листа за рејтинг на македонски блогови според Технорати:
  • Горан Андреев рипна од 12 на 4 позиција благодарение на тоа што успеал да го проработи кодот што при пријавување на Технорати треба да се вметне во кодот од дадениот блог. Горан исто така јавно повика на размена на линкови, што може да донесе уште подобри резултати.
  • Не знам зошто, но за некои блогови, како Зомбификација, линковите кои водат до нив како да не влијаат на нивниот рејтинг на Технорати. Ова исто така може да се должи на тоа што кодот од технорати е несоодветно ставен во темплејтот на блогот. Да се провери.
  • Букаро на технорати го има пријавено блогот со старата адреса, а не и новата, ниту пак онаа сопствената. Би било добро да се усогласи за да може рејтингот да ја отсликува вистинската состојба.
  • Слично важи и за Вуна, кој исто така нема ставено код од Технорати кај него.
  • Кај поголем дел членови од листата има опаѓање на апсолутниот рејтинг, што би значело дека во меѓувреме не се јавиле (многу) нови линкови од други сајтови кои водат кон нив. Рејтингот им е паднат оти до други блогови „се јавиле“ нови линкови, па настанале поместувања и истиснувања од дадени позиции.

4 comments:

Anonymous said...

Mozebi zatoa shto na Zombifikacija ,na sajtot ,go nema znakceto na Technorati

Stvarno treba da si proveri.

I nekoi preseriozno ja svakjaat listata

Darko156 said...

Филип дај олади малку бе

Константно се обидуваш да креираш некоја листа со помош на разни бројки.

Уживај малку. ОК е ова што ги собираш бројкиве од Technorati ама нека не ти прерасне тоа во редовна занимација :))

Развигор said...

Дарко, дел од уживанцијата ми е да си барам некои методи за испитување на состојбите... :-) Што би можело да биде несоодветно во таа занимација?

GoodBytes said...

Упатство како се подесува Технорати пинг на Blogger напишав на Панта Реи: Technorati Ping.

Ова треба да го имаат подесено сите блогери кои го користат сервисот на Google.

---

Што може да биде несоодветно?