...Па тој и порано пишувал песни, на пример „Цесарица“ на Оливер Драгојевиќ. Пред некоја година веројатно решил и да ги пропее...Арно ама, вистината е поинаква - и поинтересна. Овој Џибони, всушност да ти бил Џибо, лидерот на Осми Путник, хеви-метал група од Сплит, една од главните од овој жанр во СФРЈ, покрај Дивље Јагоде од Сарајево.
Џибо ја напушти Осми Путник некаде во втората половина на осумдесеттите, изјавувајќи (во едно интервју во списанието Чао, ако добро се сеќавам) дека на другите членови им ги препушта и авторските права на името на групата.
Инаку, името на групата доаѓа од официјалниот југословенски превод на името на филмот „Ејлиен“ (Alien, 1979) на Ридли Скот.
5 comments:
Мојот омилен пеач :)
Либар ми е химна
а и „Чиним праву ствар“
и „Посољени зрак“
и „Сви моји пунти“
и....
.....
ма, сите!
а зашо да е хеви-металот - мрачно минато? :)
\m/
иначе добар звук имаат осми путник.. а имаат и мп3 за симињање
Заради фетишизмот и користењето иконографија и перифералија која алудира на мрачниот среден век. ;-)
Јас инаку ја барам песната „Мјешано месо“ веќе неколку години, арно ама единственото место што ја пријавува - Носталгија.ком, исто така веќе не ја чува (или му е паднат серверот).
Post a Comment