Блекаут

08 May 2006

Мрачното минато на Џибони (Gibonni)

Gibonni
Džibo
Многу луѓе во Македонија ги сакаат романтичните песни на Џибони (Zlatan Stipišić - Gibonni), а особено спотовите со Корто Малтезе и пчели, но досега на моето прашање „а од кај се појави овој?“ најдалеку во минатото што можев да допрам беше врз основа на одговорот:
...Па тој и порано пишувал песни, на пример „Цесарица“ на Оливер Драгојевиќ. Пред некоја година веројатно решил и да ги пропее...
Арно ама, вистината е поинаква - и поинтересна. Овој Џибони, всушност да ти бил Џибо, лидерот на Осми Путник, хеви-метал група од Сплит, една од главните од овој жанр во СФРЈ, покрај Дивље Јагоде од Сарајево.

Џибо ја напушти Осми Путник некаде во втората половина на осумдесеттите, изјавувајќи (во едно интервју во списанието Чао, ако добро се сеќавам) дека на другите членови им ги препушта и авторските права на името на групата.

Инаку, името на групата доаѓа од официјалниот југословенски превод на името на филмот „Ејлиен“ (Alien, 1979) на Ридли Скот.

5 comments:

Anonymous said...

Мојот омилен пеач :)
Либар ми е химна
а и „Чиним праву ствар“
и „Посољени зрак“
и „Сви моји пунти“
и....
.....
ма, сите!

Shepard said...

а зашо да е хеви-металот - мрачно минато? :)

\m/

Shepard said...

иначе добар звук имаат осми путник.. а имаат и мп3 за симињање

Развигор said...

Заради фетишизмот и користењето иконографија и перифералија која алудира на мрачниот среден век. ;-)

Развигор said...

Јас инаку ја барам песната „Мјешано месо“ веќе неколку години, арно ама единственото место што ја пријавува - Носталгија.ком, исто така веќе не ја чува (или му е паднат серверот).