- Датумот веројатно ќе се смета за историски, па интересно би било и Вие да кажете (преку пост или коментар) како го имате поминато.
Сајтот на CNN беше блокиран, не можеше да се добијат нови вести. Вечерта бев дома, се обидував сурфајќи да примам и обработам што повеќе информации...
Инаку, таа зима се вратив од студии во САД и сеуште бев прилично во тек со ситуацијата таму, постојано следев и нивни вести, комуницирав со познаници и слично, па чуствував емпатија за тамошниот народ. Особено што тоа беше периодот на воената криза кај нас, кој ни донесе многу маки и страдања, па можевме да се поистоветиме со жртвите на овој терористички чин.
Многу брзо почнаа да излегуваат лични сведочења, особено на блоговите што ги следев - како оној на Том Тумороу, од кои не се добиваше јасна слика за што всушност се случило, но се градеше мозаик на чувства и емоции, како и лични приказни поврзани со „најн илевен“.
6 comments:
Утрото на работа местев проектор и озвучување. Кога сè наместив, за да пробам како ќе изгледа, а бидејќи немав ДВД со филм или нешто слично, пуштив онлајн вести на BBC.
По само минута-две, почнаа да излегуваат breaking news за сударот на првиот авион во едната кула.
јас бев на ископување на локалитетот Давина Кула раководен од Виктор Лилчиќ. Типот викна катерпилар и го преора брдото до неговиот врв. За малку што не ја потфати влезната порта од долниот град. Мислам дека ми се скрши филмот повеќе од оној на американците. Ова веќе го ставив и на пост кај мене.
Vo NYC ama midtown. Ne veruvam deka go dozhiveav napadot poinaku od toa da sum bila stotici kilometri podaleku sem shto vidov lugje sivi od prashina koi odea peshki nakaj doma. I chad koj se gledashe so denovi na krajot na dolgite avenii na Manhattan... Posle site sluchuvanja na Balkanot vo poslednite 15-20 godini totalno bev "comfortably numb" dodeka traeshe celata sluchka. No mnogu zhalni bea posterite za missing persons koi pochnaa da niknuvaat vednash potoa na lugje shto gi baraa svoite roditeli, deca, brakja, sestri, sakani ... Sepak obichni lugje zaginaa bespotrebno kako i sekogash ...
Јас правев сосем обични работи, колку што се сеќавам. Знам дека ручавме со моите кога на ТВ на прва ја прекинаа програмата и пренесуваа во живо како гори првата кула без коментар. Прво се чудевме што е, мислам дека имаше само текст долу кој даваше информација само за местото на случувањето. Го видовме и колижнот на вториот авион во живо.
Искрено, иако подоцна со грижа на совест сфатив колку невни животи беа изгубени, им се ситев на америве. Се радував дека некој им покажа дека не се богови. Се радував дека Вавилон гори. Јебига тоа беше моја искрена првична реакција, исто како на Догвил кога типкава ги збриша сите кои си го заслужија.
Знам, одмазднички е некако, злобно можеби, но сепак толку човечки. Но не очекувам да ме разберете.
Спев дома, татко ми ме разбуди возбуден и радосен и ме викна да глеам на тв.
Интересно беше :)
Не се сеќавам. Сум била ваљда на школо, а после знам дека цел ден не се одлепив од телевизорот.
Post a Comment