„Товарот на белиот човек“ (
White Man's Burden) е американски филм од 1995 година кој попладнево и ноќеска го прикажува
ТВ Телма. Навистина ме зачудува што за филмов не се знае повеќе, со оглед на тоа што во него играат Џон Траволта, Хари Белафонте и Кели Линч, а вмешан бил и Квентин Тарантино. А таа година и тој и Траволта беа главни фраери - претходната е објавен „Ефтини приказни“ (
Pulp Fiction).
Името на филмот доаѓа од песна на Ридјад Киплинг (
White Man's Burden), која мене ми звучи доста саркастично и иронично, но глупаците се имуни на иронија - па фразата воглавно ја користеле како
расистичко оправдание за злодела. Демек, белците (англосите) се одговорни да ги шират придобивките на цивилизацијата кај „дивите“ и „нижи“ раси. Песната доживеа повторна популарност пред некоја година, при протестните активности
против војната за Ирак.
Филмот е направен непретенциозно, со техника на снимање која
баш го прави да изгледа дека е снимен во седумдесеттите или порано. Во него се раскажува за „алтернативна реалност“ во која класните и расните стереотипи се измешани. Премисата е научнофантастична, но имиџот не е. Но, одличен е за согледување на моќта на предрасудите. Некои од примерите од филмот ќе ве потсетат на аргументи изнесени во „Куглање за Колумбајн“ (
Bowling for Columbine), документарецот на Мајкл Мор од 2002 година.
2 comments:
Филмот е прекрасен - и се котира на многу високи позиции, кога станува збор за листи на филмови сензитивни за човековите права.
Интересно, Џон Траволта глуми главна улога и во уште еден прекрасен филм за човекови права - "A Civil Action".
„Овај Џонтра, страшан!“ (c) Топ листа надреалиста :-)
Post a Comment