Блекаут

05 September 2006

Покривите над Берлин

Ова е фотографија на едни берлински покриви. Како што може да видите, на нив има едноставни уреди наменети за поуспешно топење на снегот кој би се натрупал во зима, односно негово задржување додека не се истопи низ решетките.


Препорачувам слични да се инсталираат и во Македонија. Во Скопје, сведок сум на неколку случаи кога огромни парчиња набиен снег паѓале баш таму кај што минуваат луѓе, притиснати до ѕидовите од автомобилите паркирани на тротоарите.

4 comments:

GoodBytes said...

Колку што знам, повеќето нови покриви се прават со браници за снег. Особено лимените покриви.

Кумот минатиот месец го менуваше покривот со лимен, а браниците ги доби без да ги побара. Пусти Швеѓани... :-)

Развигор said...

Сабајлево прошетав низ Дебар Маало во Скопје и не видов ниеден покрив со решетки или било каква друга инсталација освен обични олуци.

GoodBytes said...

И јас ќе го менувам покривот на пролет. Нормално, лимен и со браници за снег ќе биде. Моментално имам азбестен, бррр...

Е сега, за Дебар Маало кога спомна, нели таму беше концентрирана најмногу урбана мафија по квадратен градежен метар? Не би рекол дека тоа се луѓе кои почитуваат закони, а особено не препораки за поголема безбедност на пешаците кои во иднина тука ќе поминуваат. Камо да грешам.

Јас па сите луѓе кои ги познавам, а кои редат покрив, ставаат браници за снег.

Anonymous said...

Но од друга страна нема универзален лек за секое место. Секоја клима е специфична и со тоа си носи свои начини и потреби. На пример покривите во северна европа се пострмни, со браници. Во Холандија и Англија многу повеќе се вложува во изолацијата од влага. Во Атина на пример забележав дека канализацијата оди надворешно (што за станарите е многу по ок), но имајќи во предвид дека во Атина температурите скоро никогаш не одат под 0.

Во МК климата е дијаметрално различна на пр. во Битола и во Гевгелија.

Многу е поголем проблемот во нечистењето на тротоарите пред зградите но тоа е друг муабет.

Кога сме веќе околу кровови знаете ли дека 90% од крововите немаат содветна громобранска заштита? (што од негрижа, што од „штедење“).