Блекаут

14 September 2006

ЦД „Заврши си работа!“ за одбележување на Денот на слободниот софтвер

Метаморфозис известува дека по повод Денот на слободниот софтвер - 16 септември (Software Freedom Day), подготви ЦД со слободен софтвер под наслов „Заврши си работа!“.
ЦДто содржи слободен софтвер на македонски и англиски јазик наменет за:
  • канцелариско работење: обработка на текст, табеларни пресметки, презентации, бази на податоци – ОпенОфис.орг, со упатство за употреба на македонски јазик
  • користење на интернет: сурфање и е-пошта – Фајерфокс, Тандербрд
  • обработка на слики, фотографии и документи во разни формати – Гимп, ПДФ креатор...
  • како и 11 игри.
...
Од 16 септември 2006 година, ЦДто ќе биде достапно преку дистрибутивната мрежа на дневниот весник „Време“ по симболична цена од 50 денари.

You know what to do! ;-)

2 comments:

miopa said...

Метаморфозис известува:
Немате дозвола да го погледнете овој ресурс.
Треба да се најавите.

Razvigor said...

Чудно, мене и тогаш и сега сосем нормално ми го отвора написот...