Мека научна фантастика (soft science fiction) е поджанр на научната фантастика во која заплетите и темите повеќе се фокусирани на развојот на ликовите и нивните односи и чувства, отколку на деталите на технологијата или законите на физиката. Кај меката научна фантастика често се обработуваат мотиви кои немаат научна подлога или современата наука ги смета за тешко остварливи, како телепатијата. Покрај тоа, за разлика од тврдата научна фантастика, кај меката предност имаат општествените науки – филозофијата, психологијата, политикологијата, антропологијата и социологијата.
No comments:
Post a Comment