Блог на најразновидни теми, меѓу кои стрип, анимација, тековни настани, историја, палеонтологија и интернет, со препораки или кудења на нешта што може да се прочитаат, изгледаат или ислушаат. Другото сè е сеир.
Блекаут
08 September 2006
Неконзистентна публика: два примери
ВББ се жали дека публиката на концертот на Пет Шоп Бојс не одговарала на сензибилитетот на бендот, а еве уште еден пример.
Завчера пред натпреварот Македонија-Англија, група навивачи се загреваа во кафеаните кај Идадија со песната „Абре Македонче“, ама наместо „клетите фашисти“ извикуваа „клетите Шиптари“. Барајќи веб-издание на оригиналот, се изненадив дека такви националистички верзии стојат на официјални навивачки сајтови, како оној на Кометал.
Нешто потоа, во текот на натпреварот, бев на кеј. Таму настапи општо воодушевување кога очигледно неклетиот Албанец Артим Шакири влезе во игра, со аплаузи и извици. Не знам дали меѓу нив беа гореспоменатите и како точно се однесувале, но еве, генерализирам!
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
3 comments:
Јас одговорот на оваа дилема го барам неколку години наназад. Кога ќе прашам некој од тие што ја пеат “клетите Шиптари“ а што со Шакир, ми викаат “Не важи за него, он е ОК“. Ете до каде оди нашата публика.
...Como se llama, bonita, mi casa, su casa. Шакири, Шакира, Шакири!
Треба да се вразумат малку навивачите. Провокации од било која страна не носат кон добро.
еј, баш вчера после кузнае колку време бев меѓу навивачите (сити парк бојс, а и комити имаше) на македонија - португалија.. ама само 1 четвртина зашто ми се згади.
освен „клетите шиптари“, они си имаат и цела плејада на националистички песни, а богами изразуваат и аспирации кон странски територии ;)
рецимо:
излези момче на тераса
поздрави ја гоцевата раса*
кренете сите раце горе
наше ќе биде и солунско поле
----------
* ова со расиве многу „индикативна провокација“ (с) чуму
или
вардарска!
егејска!
пиринска!
тоа е една држава
тоа е една нација
тоа е македонија!
песниве ги знам зашто порано апла имам киснето по утакмици и така.. ама никад не ми било до пеење..
имам пуно познаници шо се „професионални навијачи“, чак и воџи.. ама шо да праам, глупи се и тачка. не за тоа што го пеат, туку затоа што не го разбираат тоа што го пеат.
Post a Comment