Блекаут

22 September 2006

Бил Гејтс за критичната маса

Во предговорот на второтo издание на „Патот напред“ (The Road Ahead, ISBN 0140260404), Бил Гејтс пишува:
Иронично, кога една технологија достигнува критична маса нејзините слабости и ограничувања стануваат јаки страни оти бројни компании, обидувајќи се да заграбат парцели како при златна треска, нудат решенија за недостатоците. Оригиналниот ПЦ на ИБМ е добар пример за овој феномен. ПЦто имаше однапред зададени ограничувања кои лесно се идентификуваа. Инжинерите од многу компании ќе го погледнеа и ќе речеа „Ау, машинава има прoблеми!“. Кога навалија да заработат пари со исправање на несовршеностите, започнаа спирален циклус на инвестиции кој петнаесет години ја движи еволуцијата на архитектурата на персоналните компјутери. Интернетот сега е во слична позиција. Многу од неговите парчиња недостасуваат или не работат како што треба, но бидејќи е предодреден да еволуира во глобалниот информациски автопат за кој сите зборуваме, интернет нуди прекрасна можност за компаниите да понудат начини да се подобри.
Книгата е објавена 1996 година.

1 comment:

GoodBytes said...

За разлика од вообичаено лошата претстава за него, Бил Гејтс е човек со несомнен интелект и голем визионер. Освен еднаш кога тврдеше дека 640 килобајти RAM ќе се доволни за секого. :-)

Инаку, назад на темата: тезата е сосем исправна, навистина се градат бизнис можности врз несовршеностите на секаков систем. Но, клучниот дел од равенката тука е онаа „критична маса“ од цитатот погоре, потребна за замаецот на маркетингот и тежиштето на тренд-сетингот да започнат да осцилираат во хармонија. Бидејќи без таа критична маса, светот е преполн со несовршености. ;-)