Блекаут

16 September 2006

Скршени цвеќиња (Broken Flowers) и Габриела (Gabrielle)

Не ми е јасно зошто на Скопскиот филмски фестивал морам да се изнамачам за да видам добар филм. Нешто ко во средниот век, ако се интересираш за духовното треба да се откажеш од телесното - затоа во православните цркви нема столици за паствата. Тајмингот од 23 часот е екстремно неудобен и незгоден, а годинава немаше ни репризи ни бутур. Дури и комерцијалниот аспект беше незапазен, со снемувањето одредени типови сокчиња во тој термин.

„Скршени цвеќиња“ (Broken Flowers) многу ми се допадна, а коинцидентно имаше интересна публика.

Макондо има најдено супер илустрација на нејзиното мислење, а мене инаку најголем впечаток ми остави токму таа сцена, кога ликот што го толкува Шерон Стоун мафта од вратата, а ќерката се појавува на прозорецот. Шерон Стоун е одлична!

А и „Габриела“ (Gabrielle) не беше лош, особено она „стриповското“ уфрлање на текст наместо изговорени реченици што ептен ја разбиваше досадата и поттикнуваше вовлекување во дејствието (оти гледачот ги „слуша“ изговорени со својот сопствен глас, во својата глава).

5 comments:

Shepard said...

одличен беше броукен флауерс. џармуш ми останува еден од омилените режисери.

онака, неговите филмови доловуваат мрскотија на платното, а тоа не го може секој.

малку нејасно ми беше тоа со двојниот субтитл.. следствено воочливи беа грешките и импровизациите (едно слушаш, друго значи српскиот превод, а македонскиот пак нешто трето или често пати се добиваше впечатокот ко да го преведувале од српски при што немаше ни грам автентичност)

али ако. скопје е, не е берлин или венеција..

што се тиче интересната публика - мора да се напомене дека беше присутен Војводата химселф.

Gjole said...

Добро е значи не си ја трошам за џабе конекцијата :) ...

...баш почнав да го симињам од net , Broken Flowers пошо ги имам и другите филмови од Jarmus, и типот ставрно знае да долови некои моменти за што другиве режисери ретко покажуваат сензитивност.

...Уште низ глава ми се врти онаа сцена од Cofee and Cigarettes - каде што во една кафетерија доаѓа до конверзација помеѓу Bill Muraay и типците од Wu Tang Clan - цепки живи! :-))

Shepard said...

ако збориме за сцени од џармуш, ондак има само една ултимејт џармуш сцена

I SCREAM, YOU SCREAM, WE ALL SCREAM FOR ICE CREAM!

Gjole said...

..ауу тоа у затворот коа се во келија :) ..да да се слагам за тоа!

Anonymous said...

I want to buy some popcorn..

(permanent vacation) ЗАКОН!