Текстот од Вашингтон пост (Pearls Before Breakfast) за врвниот виолинист кој се согласил да свири во метро како дел од експеримент за социјална психологија го препорачувам за читање на сите што знаат англиски.
Покрај тоа што скорива јадови за важни прашања како смислата на нашиот стресен стил на живот и природата на убавината, тој претставува и одличен пример на новинарство на интернет, кој ги комбинира текстуалните и мултимедијалните елементи во една целина. Да, долг е, но сметам дека вреди да се одвои време и да се вложи во концентрација. Стилот на раскажување со постепено градење напнатост и опуштање е исто така перфектен.
Фала многу до Би што ми го препрати линкот, за кој дознала од Џам, а и Мисос го споменал.
No comments:
Post a Comment