Блекаут

13 April 2007

Популарното женомрство на Џастин Тимберлејк

Најпопуларни песни/видео спотови од Џастин Тимберлејк на „Ју тјуб“ се „Мај лав“, „Секси бек“, „Ват гоуз араунд“, „Крај ми а ривер“ и „Лајк ај лав ју“. Ми го привлече вниманието тоа што во барем два од нив има прилична доза на женомрство (misogyny) - наспроти претпоставената популарност на интерпретаторот кај женската популација.



„Ќе ми лееш солзи како река“ (Cry me a river) - Џастин пазачот (stalker) провалува во куќата на млада жена за која смета дека му згрешила, ја следи, а од тоа што следи таа ќе има многу за плачење („now is your turn to cry“). Спореди со наши примери.
„Сè се враќа, сè се плаќа“ (What goes around) - и овој пат Џастин нема среќа со избраничката, несудена невеста. Казната за нејзините гревови кон него е ќутек и смрт (и тоа преку божја казна: не е директно крив фраеров, сама си ја слупа Скарлет колата).

1 comment:

oksimoron said...

Cry me a river е постара песна, од друг автор, Џастин само ја преработува. Ја испеа за Бритни кога го напушти. Дури и во спотот ангажира девојка која личи на неа. Многу добра тема е и не е баш за женомрство, де. Може да се однесува на двата пола :)
Мене ми се допаѓа песнава.