Блекаут

22 April 2007

Потреба од поголема промоција на „Прашина“ и др. МК содржини

Постот на Ана за тоа што по 6 години од објавувањето, филмот „Прашина“ почнал да се прикажува во Полска, ме потсети на тоа дека пред неколку месеци кога видов дека нема скоро ништо за македонската кинематографија на Ју тјуб симнав трејлеров токму за тој филм од сајтот на режисерот и го качив таму.



Пред некој ден забележав дека извесен Македониер во меѓувреме има изнаставано еден куп клипчиња поврзани со Македонија, дел од нив и од филмското творештво. Браво за него, поддржете го со гласање, коментари и вметнување на клиповите во ваши постови, особено ако се на англиски.

Едновремено, Дарко би сакал подотворање на архивите, за кои сметм дека би требало да се дигитализираат во висока резолуција погодна за понатамошна обработка и материјалите да се стават директно на веб. Не само „ролните“ од МРТ, туку и од фамозните сефови, како оној на Виктор Аќимовиќ, на кој „сеуште не му дошло времето“.

2 comments:

Драган Зајковски said...

Според мене најдобар македонски филм. Штета што помина некако незабележано. И самиот не знам колку пати го имам гледано.

Филмот е вистинска временска машина. Успева да ме однесе во тоа време.

Инаку,
Ја подржувам твојата иницијатива.

поздрав.

Ania said...

напишав своја рецензија на порталот на виборчА, ке видиме резултати - засега слаб одзив
http://forum.gazeta.pl/forum/72,63048,2482456,,,7190164,P_FILMY2.html

мојава е прва:(