Блекаут

18 April 2007

Намалете го глобалното затоплување и заштедите на сметки за струја

Две релативно мали инвестиции може долгорочно да ви заштедат прилично пари од сметките за струја, а со тоа ќе помогнете и во намалувањето на глобалното затоплување.

Првото е заменување на светилките („сијалиците“ по скопски) со поефикасните модерни модели како што препорачува д Резидент. Такви веќе има и по некои од поголемите скопски супермаркети. Се препознаваат по чудните извртени форми. Поскапи се од „обичните“, но траат многу подолго и трошат помалку струја. Исто така, испуштаат помалку јаглерод во атмосферата.



Второто е директно исклучување од струја на уредите како телевизор, компјутер и слично кога не работат. Ваквите уреди може да трошат и по 70% од електричната енергија кога се „во мирување“ и чекаат да ги активирате преку далечински управувач.

Еден пријател кој ги применува двете методи веќе подолго време ми кажа дека сметката за струја во зимските месеци му била по околу 700 денари. За второто решение, тој има определено кои штекери му се поврзани на која фаза и тие што треба да ги исклучи ги исклучува директно преку разводната табла со осигурувачи.

Јас сеуште не сум дојден до тој степен, но за компјутерот, телевизорот, дивиди плеерот и сараундот си купив од Дигиком еден продолжен кабел со 10 штекери и копче за исклучување. Сеуште немам ја немам измерено заштедата, но кога гасам светло навечер пред спиење и кога ќе го видам само копчето дека ми свети црвено во темната дневна соба, големо задоволство е и самиот чин на гасење, проследен со зборовите „Take that, ESM/EVN!“. ;-)

Повеќе информации за овие теми може да најдете во „Вајерд“ или на специјализирани сајтови како Енергетскиот крмак.

1 comment:

Jovan said...

Samiot EVN distribuirase brosuri so slicna sodrzina pred nekoj mesec.