Блекаут

15 April 2007

Препорака: Варварите на Тери Џоунс

Меѓу многуте добри емисии за стариот Рим кои се вртат на Дискавери сивилајзејшн, „Варварите“ на Тери Џоунс (Terry Jones' Barbarians) се истакнува со комбинирање на приказните од историјата со аналогии од денешницата и духовити коментари.

Меѓу другото, во третата епизода може да се види и реконструкција на механизмот од Антикитера, еден вид аналоген компјутер за астрономски пресметки. Попатно, Џоунс работи на разбивањето на некои предрасуди и стереотипи кои стотици години се дел од западниот дискурс и идентитет.

No comments: