Поттикнати од желбата за промовирање на македонските е-содржини во светот, неколку блогери почнаа со свој придонес за ширење на гласот за Наградата на Светскиот самит за информатичко општество - Македонија.
Благодарност до Комуникации и Маркет тинк кои имаат поставено банери, како и до Спартак, Кичево и е-Рајдери кои се вклучија со постови.
Сите кои помагаат преку линкување имаат можност да бидат вброени меѓу промоторите, со пријавување на веб-сајтот на НСС.
Исто така, ако Вашиот блог е посветен на една од категориите во кои се доделува Наградата, може да го пријавите. Оти фокусот не е на технологии, туку на е-содржини.
No comments:
Post a Comment