Блекаут

14 April 2007

Голема потреба од ИТ-стандарди за Владата

Една од верзиите на грбот на РМБлогери укажуваат на потребата за стандизирање на работата на Владата: Струмјан - дека одговорните од надлежното министерство Законот за високо образование го објавиле со застарени фонтови. Жарко Трајаноски открива дека покрај форматите на записи, туку и графичките претстави на државните симболи и содржините на клучни документи се неусогласени.

За првото, технолошки решенија нуди текстот „Кирилица на два начина“ од Николче Мицкоски, но суштинскиот проблем е на ниво на применета политика (policy). Токму затоа, компонентата за ИКТ на проектот за добро владеење во еден дел работи на воспоставување стандарди при работењето на владините служби поврзано со информатичките технологии.

No comments: