На веб-сајтот Кајгана пак, го нема целиот напис, туку културен линк до оригиналниот пост и во описот на линкот недвосмислено стои дека се работи за друг сајт:
Денарите со нов дизајнСе работи за сличен случај како кога содржини од блогот Фотошоп беа пренесени во Утрински весник (10.04.2006) благодарение на линк до блогот на Он.нет, при што новинарот имаше напишано дека содржините се на Он.нет.
Парите кои ги користиме се премногу монотони, па затоа дечките од "Тепај време" решија да ги редизајнираат! :)
Изгледот на новите денари - ТУКА.
И овој случај на елементарно незнаење да се разграничи веб-адреса од веб-сајт од страна на професионалци чија професија по дефиниција е обработка и пренесување информации укажува дека треба да се работи на образование на македонските медиумски личности.
Содржините на „Тепај време“ се заштитени со лиценца Криејтив комонс (Creative Commons Attribution - NonCommercial - NoDerivs 2.5 License) што значи може да се преземаат неизменети, за некомерцијални цели и со наведување на изворот. Во овој случај „Вечер“ има пробиено два од трите услови и „Тепај време“ има можност да се повика на Законот за заштита на авторски права и да ги тужи за бесправна употреба на нивното авторско дело. Вакви спорови се разрешуваат преку приватна тужба.
2 comments:
Сега ми е малку појасно ... Зошто Вечер не побарал дозвола е чудно ... Сигурен сум дека блогерот ке ја дал ... Вака останува горчина дека новинарирте крадат од блогерите и без да прашаат ...
А дека е тешко да се направи линк на Интернет е смешно ... и не ги оправдива новинските изданија кои излегуваат на интернет ... Во прашање најверојатно е нешто трето ...
Поздрав.
може и стварно незнаат. мене телекомуникации еден имејл незнаат да ми испратат два месеци.
Post a Comment