Блекаут

16 April 2007

Предизвици на конверзијата од печатено во издание на интернет

Волан покрена дискусија за адекватното претставување на содржини преземени од блогови во печатените медиуми и нивните изданија на интернет.

Имено, често се случува во веб-изданијата на весниците да недостасуваат некои делови од написите кои ги има во печатеното издание како дел од рамката, како наднаслов и слично. Конкретно, тоа им се случило на адресите на блоговите од кои со дозвола на автор(к)ите се преземени постови за „Шпиц“.

Врз основа на моето искуство со печатени медиуми, сметам дека ваквата појава се должи на несовршености во процесот на преземање на текстовите од страна на техничарот кој го подготвува изданието за веб. Претпоставувам дека грешката настанува при извезувањето од Кварк или некој друг програм за ДТП, каде што можеби нема автоматско групирање на елементите на еден напис кои во печат одат како одделни елементи на дизајнот (боксови). Такво нешто, на пример, ми се има случено со текстовите „Во потрага по совршена стратегиска игра“ и „Станете махер/ка за е-пошта“ во „Неделно Време“.

Дополнително, во повеќе весници имам забележано дека и кога во самите текстови се наведени веб-адреси, техничарите кои прават копи-пејст во сајтот ретко кога ги претвораат во активни линкови.

Препорака: Уредниците и директорите би требало да испланираат дополнително време на техничарите за усогласување на печатеното и изданието на интернет. Конзистентноста и активирањето на линковите во текстовите може да биде од голема полза за сајтовите на весниците на долгорочна основа: за подобрени односи со блогерската јавност, подигнување на рангот на нивниот веб-сајт, зголемен углед кај нивните читатели кои сакаат да сурфаат и ќе ценат тоа што токму весникот ги упатил соодветно...

2 comments:

Photo Volan said...

Иако непотребно ги правдаш ... сепак си доследен ...

Поздрав.

Anonymous said...

Препоракава ти е ептен стра, некаде назад 1997 година.

Уредниците не треба да испланираат повеќе време за техничарите, туку за новинарите. Уредниците треба да бараат од новинарите да ги подготвуваат текстовите паралелно за секоја платформа посебно, со сови специфики и карактеристични содржини.

Новинарите може многулесно од ворд сосе линкови да предадат текстови спремни за ставење на интернет.

воовој случај кај техничарите е грешката, ама сепак не е нивна работа да го осмислуваат тексот, тоа најчесто се само вешти компјутерџии а не луѓе кои знаат новинарство.

--ако некого навредив се извинувам--