Денес е петгодишнината од нападите од
11 септември 2001 година.
- Датумот веројатно ќе се смета за историски, па интересно би било и Вие да кажете (преку пост или коментар) како го имате поминато.
Јас дента бркав нешто работа и попладнето во една компјутерска фирма ми кажаа што се случува - но многу, многу нејасно. Во првиот момент кога ми кажаа дека авион удрил во зграда помислив дека е некое мало авионче, како она на Матијас Руст (
Mathias Rust), и се чудев зошто тоа би било толкава сензација.
Сајтот на CNN беше блокиран, не можеше да се добијат нови вести. Вечерта бев дома, се обидував сурфајќи да примам и обработам што повеќе информации...
Инаку, таа зима се вратив од студии во САД и сеуште бев прилично во тек со ситуацијата таму, постојано следев и нивни
вести, комуницирав со познаници и слично, па чуствував емпатија за тамошниот народ. Особено што тоа беше периодот на воената криза кај нас, кој ни донесе многу маки и страдања, па можевме да се поистоветиме со жртвите на овој терористички чин.
Многу брзо почнаа да излегуваат лични сведочења, особено на блоговите што ги следев - како оној на
Том Тумороу, од кои не се добиваше јасна слика за што всушност се случило, но се градеше мозаик на чувства и емоции, како и лични приказни поврзани со „најн илевен“.