Всушност, земањето на „Зајди зајди“ без да се каже дека е народна може да има многу страшни последици.
Ако му се дозволи, „авторот“ Бејтс ќе ја заштити мелодијата како негова, со целата тешка артилерија на адвокати за авторски права на Ворнер брос и музичката индустрија зад себе. Всушност тој веќе го има сторено тоа. Сега, ако некој ја пее народната песна, или пак објави своја обработка на истата, може да му се сипат со целата сила, моќ и пари што ги имаат - како демек тие се жртви на пиратство. Дур да се објасни по судови дека има право, ќе му се смачи и живот и музика.
Замислите што ќе биде ако (кога ќе!) развијат и компјутерски системи за автоматско детектирање на плагијати - од една страна ставаш аудио фајл, од друга излегува тужба. Нешто слично како во „Меланхолични слонови“...
12 comments:
Суштинскиот проблем не е што „ќе му се дозволи на авторот Бејтс“ туку тешката артилерија на адвокати за авторски права на Ворнер брос и музичката индустрија И РЕЖИМОТ НА АВТОРСКИ ПРАВА КОЈ МОМЕНТАЛНО E НА СИЛА.
Да не го губиме фокусот од вистинскиот проблем само затоа што на некој му текнало да ја воспее „нашата“ песна повторно!!!
Тоа и јас го велам. Со сегашнава констелација (сурова моќ + законски рамки) граѓаните мора да бидат будни оти инаку ќе се приватизира целата јавна сопственост. Ова важи и за приватизацијата на други видови простори, не само на културното богатство.
И да се работеше за странска народна песна, ако ја копирајтира го загрозува сечие право на користење на заедничкото културно наследство. Атрибјушн не е само прашање на добро воспитување, што е основна одлика на цивилизација.
Концептот Public Domain не постои случајно... каков atribution сакаш во случајов? На Македонија? На македонскиот народ? На кого?
Чива е песната? Моја? Твоја? Наша? Кои би биле тие „ние“?
Не, песната е на тој што ја слушнал и му се допаднала - од некои луѓе никнала кај други луѓе вродила плод. Не ништо повеќе твоја песната колку што е на Тајлер WTF.
Attribution не е треба, тоа што треба е да се сменат законите на max 10 години copyright и после public domain.
Инаку баш ме интерсира како законски би го регулирал attribution-от на народна песна?.. смешки.
Композиторот би требало да стави „инспирирано од таа и таа народна песна“. Како што ги листаат за секоја песна во „кредитс“ сите видови автори или влијанија, на пример „lyrics: traditional“.
Една од причините за основање на Криејтив комонс е надминување на стравот на оние кои би сакале да употребат некое дело дека со тој чин ќе го прекршат рестриктивниот закон за авторски права.
Башка, многу е веројатно дека „Зајди зајди“ е авторско дело на покојниот Сариевски. Тоа би можело да значи поприлично голема „странска директна инвестиција“ на сметка на неговите наследници - од која цела Македонија ќе има полза, оти ќе ја трошат тука. :-)
И јас долго време не знаев, но дознав пред неколку години дека „Македонско девојче“ е авторско дело на Јонче Христовски.
Сариевски има наследник кој најавува тужба...
„... Единствено пејачката не можела да го погоди пеењето, затоа што за да ја отпееш оваа мелодија треба да го имаш македонскиот ген - смета Картер...“ (цитираниот Шпиц)
Ете тука е проблемот. Не е проблем што е „крадена“ песната, туку што е „нашата украдена“. Башка морало да го зачинат со национален шовинизам.
Патем, песната не е народна, туку автор е Сариевски.
Но и покрај тоа, колку брзо се заборави на промоцијата на поинакво гледиште кон авторството и „сопственоста“ на културните артефакти, коа се работи за „нашите“.
Здраво, а да провереше некој дали зајди зајди е "public domain" т.е. народна или авторско дело на Александар Сариевски....
Епа Новица проверил... народна е.
абре луѓе, изгледа овој човекот си е познат
“позајмувач“ на туѓи авторски дела.
Случајно открив дека во филмот 300 си “позајмил“ музика и од еден друг филм под наслов ТИТУС.
еве ви ја преписката на официјалниот сајт на IMDB што се водеше во врска со ова http://www.imdb.com/name/nm0061045/
board/nest/69250819
Епа брат, џабе се џапаш, све што ти останува е да престанеш да ја пееш или да „рикаш“ така за да не можат адвокатите да разберат дали е во прашање „Зајди, зајди“ или Цеца со „Кад би био рањен“.
Еј сега ми текна: па типов може Цеца да ја тужи пошто ја пееше на свадбата пред 10-тина години. :P
ех... ама ако Зајди зајди е народна песна (значи нема автор) тогаш има еден проблем. Ненаведувањето на потеклото/изворот на песната спаѓа во т.н. морални права, а самото комерцијално користење на песната е слободно. Е проблемот е што америчкиот режим на авторско право не признава морални права....
Post a Comment