Блекаут

01 June 2006

Тајната книга наспроти Кодот на да Винчи

Во лондонски Гардијан има излезено напис (Cannes, Cathars and conspiracy) во кој се позитивно се промовира новиот македонски филм „Тајната книга“.

Авторот Фијахра Гибонс, познат по издржани патеписни репортажи од Балканот, наведува дека наспроти „Кодот на да Винчи“, се работи за
„филм за вистинска еретичка ’библија‘ прикриена од црквата во текот на последните 1000 години, филм започнат уште пред Ден Браун да почне да ја пишува неговата книга“.
Одлична промоција за филмот, штета што сајтот, барем кај мене, изгледа недовршено, при што некои од позадинските слики не се вчитуваат како што треба, па се добива црн текст на црна подлога...

1 comment:

Shepard said...

тапа им е сајтот.

да се најде, и да се гледа. ваљда ќе го има во кино?! или го имало веќе..