- macedonia+tourism - само 3 сајта се од Македонија, 2 за туризам (10%) и еден владин. Останатите се странски, од кои 11 за туризам, 2 енциклопедиски, 1 директориум и 2 PDF документи на УСАИД. Два од тие за туризам се грчки (10% - спореди), во еден се зборува за нестабилноста (recently... explosion rocked a police station), а еден од нив вели „Religions: Serbian Orthodoxy, Islam.“ 27% од странските сајтови нè фајромизираат.
- visit+macedonia - списокот почнува со сајт насловен „Reasons to Not Visit Macedonia“. Се покажуваат само 4 сајта од Македонија, 2 за туризам (10%) и 2 владини, со протоколарни вести. Кај странските доминираат сајтови со вести (12 = 60%), особено за официјални посети („visit“ е клучен збор, нели), особено од 2001 година (NATO chief to visit Macedonia as arms mission draws to an end, EU leaders threaten to withdraw aid to Macedonia), но има и понови (CIA secret flights). Остатокот се по еден сајт за туризам, една фотогалерија од човек што бил во МК, и еден ПДФ документ од Американската стопанска комора.
- Па и само macedonia - еден македонски туристички сајт (5%), по еден за вести и директориум, два „енциклопедиски“ - со општи информации и два други, нешто ко нетуритички портали. Вкупно 5 сајта од Македонија. Од странските, по еден туристички, владин, за вести и директориум, 6 енциклопедиски, два други (мапи, телевизии) и по еден грчки и бугарски пропаганден сајт, што велат дека Македонија е нивна.
Илустрација: првото што го гледа корисник на „Гугл имиџис“ за пребарување Macednia+tourism.
No comments:
Post a Comment