Блекаут

20 June 2006

Ситење на туѓа несреќа - не ќе е на арно

За мене, деновиве главна тема во македонскиот блогерски свет е аферата со ситењето на туѓата несреќа. За имотно-правни односи можам да изнесам само принципиелен став: долговите треба да се намируваат, договорите да се почитуваат.

На блогов пишувам и за лични, но дискретен сум во однос на приватни работи, меѓу кои и моите финансиски премрежиња. По аналогија, не го користам блогов да судам и за туѓите состојби од таа област, за кои сум дополнително и некомпетентен, особено оти така може лесно да западнам во ad hominem замки.

Од друга страна, уредувачката политика на блогот на Би, Букаро и Вуна е да го споделат она што ги мачи со јавноста. Нивно право. Во дискусиите што преку коментари се развија на темата на неколку блогови - немав време да ги прегледам сите, покрај неколкуте објективни проценки во обид, се појави доста голема доза на ситење, односно радување на туѓата несреќа. И таквите имаат право да се искажат, но не им служи на чест.

Во напнати ситуации дури и добронамерните совети може погрешно да се сватат (и да послужат за поплочување пат до пеколот), додека злонамерните изјави се отворено недвосмислени. А такви, за жал, имаше многу, поттикнувајќи губење самоконтрола.

На сите засегнати страни им посакувам да си ги решат споровите најповолно можно и да најдат морална сила за закрепнување на сите нивоа. Што добро може да излезе од целата расправа, во тековниот облик - не знам. Полошо може да стане - ама, не мора.

1 comment:

Gjole said...

..абе види сеа колу и да се "добри" блогери, Букаро и Би и останатите оштетени, со тоа што пред сите фатија да зборат за плаќањата што не им ги извршиле, само покажуваат дека не се договориле добро (или па дека не знаат да се договорат) ...

..така да, и добри и лоши и зајадливи коментари сега нема да им помогнат да си ги земат парите...

..а инаку факт е дека ги употребија ко се што е за една употреба, али они сами си дозволија и се испозалетаа...така да памет за другпат! :-)