Блекаут

24 June 2006

Македонско момче за Парис Хилтон

Тие што сакаат да ја промовираат Македонија, може ја искористат веста дека тековниот тековното момче на сиротата мала богаташица Парис Хилтон е со македонско потекло - хокеар од Квебек чие име не можам да погодам како се изговара, а се пишува José Théodore.

Од РМ дајџест, најголемата МК-група на Јаху, дознав за веста (фото). Таа изгледа сеуште не е стигната до изворите од кои македонските мејнстрим медиуми ги црпат содржините. Најновата Теа, на пример сесрдно известува дека богатата наследничка била „сама“.

3 comments:

Фројд. said...

Тоа името, ваљда е Хосе (на шпански барем така би се пишувало и изговарало).

Развигор said...

Но не се работи за Шпанец, туку за Македонец. А чудни се патиштата на транскрипција и мутација на имињата во нашата дијаспора. Може да е дури и Јосе, нагалено од Јосиф - солидно македонско име.

Побарав на Гугл со Jose+Theodore+pronounced. Најдов на едно место дека се читало „JO-zhay THEE-uh-dohr“ (Џожеј Тиодор?)

Фројд. said...

Може, може...