Блекаут

22 June 2006

Искористување глад за порно за зголемување посетеност

Луѓето што работат на интернет и не се бават професионално со порнографија, обично таа област ја сметаат за посебен предимензиониран свет, чии параметри се со редови на величина поголеми во однос на други содржини: посетителите се побројни и поверни, профитите поголеми и посигурни...

Во февруари 2006 година, еден хрватски блогер открил дека негов пост во кој споменал порнографски филм со Сузана Манчиќ имал значителна посетеност. Потоа направил експеримент и напишал пост со текст според кој од таа страница може да се симне видеото, а потоа гледал сеир како преку машини за пребарување му доаѓаат илјадници посетители.

Месец дена подоцна, за тоа дознал Моби и го повторил експериментот три пати, еднаш со клучните зборови Suzana Mancic (9.3.2005.), па со Download Jelena Veljaca video (17.02.2006.) и со Download Maja Bugaric video (17.03.2006.).

Мислам дека во поглед на привлекување посетители и нивно зафркавање - ги тера да пишуваат некои смешни пароли - и експериментот на Моби поминал успешно. Но, со голема жртва од негова страна - за тоа платил висока цена, оти за навек си го компромитирал бројачот, кој иако дава реална слика за бројот на посетители, не дава реална слика за бројот на читатели, оневозможувајќи проценка на влијанието на блогот врз неговата целна публика.

Нешто слично може да постигнете и со искористување на архивите на линкови кај кои често се врши мешање на жанровите „забава“ и порнографија. Очекувано, повеќето македонски „забавни“ „портали“, често флертуваат со мека порнографија во нивните галерии...

Значи, може да отидете на Мамс бокс и да ставите линк кон вас, кој може да биде и лажен, но ќе ви донесе посетители кои ќе ви го зголемат-сајт митерот. Ама, зошто? Лажејќи ги другите, во голема опасност сте да почнете да се лажете и себеси...

1 comment:

Anonymous said...

Братко, со 1% од времето што си го потрошил на пребарување по архивите мои ,си можел барем да го промениш линкот таму во блогрол-от .
Барем тргни го ако ништо друго .

и која ти беше поентата со пост-ов?!
добронамерна или злонамерна?
што треба таа да ми порача на мене?
или се однесува на другите?
т.е на твоите верни читатели (не посетители) пошто нели ....ти си
цвеќе за мирисање.