Блекаут

16 June 2006

Препорака: Слободен радикал од Вајерд

Написот „Слободен радикал“ (Free Radical) од најновиот Вајерд го препорачувам за читање на сите што се интересираат за напредок во економијата и науката:
Харолд Вармус ја освои Нобеловата награда затоа што го смени начинот на којшто размислувавме за ракот. Потоа ги зајакна Националните здравстени институти (во САД). Сега се бори да ги направи сите резултати од научните истражувања бесплатни и универзално достапни.
И не губете време на размислување каде се нашите научници на темава. Оставете го тоа за после, откако ќе го прочитате написот.

4 comments:

Unknown said...

Публикуваат и нашите одвреме навреме. На институцијата каде што јас дипломирав, ИИ ПМФ, немаше ниту една факултетска претплата на било какво компјутерско списание. Некои од професорите на своја рака, од нивните проекти значи :), си имаа претплати на IEEE и ACM магазини, но за студентите немаше ни трошка од пристап било до хартиен или електронски журнал.

GoodBytes said...

World Community Grid е чекор во правец на глобалното знаење кое ќе помогне во многу науки, а првенствено во медицината, кај наоѓањето лекови против сидата, ракот и стотици други болести.

Луѓе од цел свет (и Македонија) учествуваат донирајќи го неискористеното процесорско време од својот компјутер, вршејќи пресметки кои ги добиваат од централниот сервер. Податоците од истражувањата ќе бидат јавно достапни до сите научни или било какви институции во светот.

---

Освен оваа вест, слично на ова што го пишуваш е и одлуката на MIT од пред некоја година да ги направи јавно достапни своите библиотеки, интерни публикации, како и резултатите од научните истражувања кои таму се спроведуваат. Со ова се пионери меѓу елитните универзитети, а полека им се придружуваат и други научни и образовни институции.

Браво МИТ!

Unknown said...

btw, види го ова:
http://www.doaj.org/

Развигор said...

Фала момци, обата линка ми се чинат доста полезни.