Блекаут

17 June 2006

Спотот за Македонија на Си-Ен-Ен, но не и на веб!?

Моби талка со даљинското да го види спотот за Македонија на Си-Ен-Ен, а и Чоте дава предлози на темата.

Зар не е логично тој спот да се стави и на веб?

Основно место за тоа е веб-сајтот на Владата на РМ. И Министерство за надворешни работи (во моментов воопшто не се отвора)? И за економија, кое го покрива туризмот? И „националниот туристички портал“ Експлоринг Маседониа кој е во негова надлежност...

Ваистина, нели е чудно како не им текнува? Требаше Време да ги искара, за одговорните да стават неколку понови написи на официјалниот владин сајт. Може и воопшто да не трошат диск простор и пропусен опсег, ако до тоа им дошло - нека го качат на Ју тјуб и другите слични сервиси, нек се промовира Македонија. Дури и ќе може пари да заработат од даунлоди, ако сакаат.

5 comments:

Photo Volan said...

Види па те молам не ги карај сега тие ...
Па те молам они работат само ако има некоја донација и ако некојсето тоа без пари го направи, па и спотот што го направиле е у ствари донација ГАГА.

GoodBytes said...

Ако некој го има, молам да го качи на некој сервер како You Tube или Google Video. Откако се преселив, немам кабелска, па и да сакам не можам да го гледам.

Фројд. said...

ЕЕееееее, А(покалиптика)1...

Ги обожавам. Не, идоли ми се. Од самонаречената „Ива“, до оној - Ева конзерва, дедо Чом(ов)ски...

Anonymous said...

Веб страната на МНР не работела во 9 од 10 случаи кога сум пробал да ја отворам. Ама тоа е.

Развигор said...

Од еден извештај на УНДП дознав дека во периодот кога ни беше симнат официјалниот веб-сајт на Владата се правела анализа на степен на информатизација на светско ниво и поради недостапноста Македонија добила ептен слаба оцена и лоша позиција на индексот...