Блекаут

29 June 2006

Потпишана декларација за безбедност на информациите

Пред скоро три месеци, Метаморфозис извести за активноста на УСАИД на тема градење култура на интернет-безбедност во Македонија.

Како продолжение на таа активност, четири интернет-провајдери и МАРНет ја потпишале Декларација за безбедност на информациите најавена тогаш (Иди-види го пренесува соопштението за медиуми). Посакувам нејзиниот текст што побрзо да стане и јавно достапен преку интернет, оти мислам дека е важен чекор во изградбата на информатичко општество.

No comments: