Во
коментар на постот за веб-сајт во спотот MK@CNN, извесен Ѓорѓи го постави следното прашање:
Зашто мора да има специфичен сајт врзан со спотот?
macedonia+tourism
visit+macedonia
па и само macedonia
Даваат повеќе релеватни сајтови за некој патник намерник.
Од аспект на употребливост, неставањето на конкретна адреса значи дека на оној што сакаш да го привлечеш му го отежнуваш пронаоѓањето на информацијата што сакаш да ја восприеми. При тоа се скокаат следните чекори:
- на потенцијалниот посетител треба да му текне да оди на некој пребарувач,
- да чека да се вчита пребарувачот,
- па да внесе зборови за Македонија,
- па да чека да му се покажат резултати,
- од тие резултати да одбере некој соодветен,
- за после неколку обиди да стигне до некој што е наменет за туристичка промоција на Македонија.
Дури и кога ќе стигне до таков, како што е
Експлоринг Маседониа, преку него не може да ги изврши нормалните функции на електронска трговија. Западен Европеец или Американец не би се одлучил да патува некаде каде што нема гаранција дека ќе има соба, оти не може да резервира со кредитна картичка. Преку сајтот као имаш можност да букираш лет, преку форма за праќање е-пошта - ни цена, ни потврда, ни компанија, ни картичка не ти бараат...
No comments:
Post a Comment