Пред неколку недели вниманието ми го привлече текстот на песната на Шакира „Колковите не лажат“ (
Hips don't lie), меѓу другото и неговата улога во промоцијата на шпанскиот како втор јазик:
I never really knew (не бев свесен)
that she could dance like this (дека таа може да танцува вака)
She makes a man (го тера човек да)
wants to speak Spanish (посака да зборува шпански)
Como se llama, bonita, (на шпански: Како се викаш, убавице?)
mi casa, su casa (шпанско клише: мојата куќа е твоја куќа)
...
Oh baby when you talk like that (ох миличок кога зборуваш така)
You make a woman go mad (ги полудуваш жените)
So be wise and keep on (затоа играј мудро и продолжи)
Reading the signs of my body (да ги читаш знаците на моето тело)
Немајчиниот
јазик е претставен како алатка да се постигне посакуваната цел. При тоа, не се работи за ситуација
„ќе се грчам, ќе се турчам“, оној кој го учи новиот јазик не го губи својот идентитет, туку добива на вредност и ефективност... Дури и во прашањата на љубовта. Замислете дует кај нас, на пример Тоше и Туна, како пеат нешто во стил:
Ах либе твојата убавина
Ме натера да научам албански (или македонски/ромски/српски...)
За да ти читам милозвучна
Слатка љубовна поезија
Инаку, според Википедија,
шпанскиот и
англискиот јазик им се мајчини на приближно ист број луѓе, на по околу 380 милиони. Помногубројни се само говорителите на
кинескиот - мајчин им е 1,08 милијарди, а втор на уште околу 220 милиони. Англискиот наводно како втор јазик го говорат 500 милиони до една милијарда луѓе. Арно ама, Кинезите почнуваат иницијатива за учење на кинескиот како втор јазик (
The Mandarin Offensive) на глобално ниво...
No comments:
Post a Comment