Блекаут

24 June 2006

Кравјо, не кравско

Ако млекото е измолзено од крава, тогаш сирењето е кравјо.

PS.
Овчо, не овчко.

3 comments:

Anonymous said...

Не би рекол. Во регионот на југо-западна Македонија која е главен производител на млеко и млечни производи сосема е познато дека е „кравско“. ИМБ (млекара Битола) и Идеал Шипка кои се фирми кои поседуваат реално голем дел од пазарот се од Битола. Така да - ако они викаат дека е кравско, тогаш е кравско. И не пречи воопшто. Напротив...

Истото важи и за наречјата од источна Mакедонија. Сето ова го изјавувам иако потекнувам од делот на Македонија која ја дал основата на модерниот литературен македонски. Што би рекле европјаните "We cherish our cultural differences".

Tome said...

Кравско е!

(уште еден од Битола :)

Anonymous said...

Така ке дојди „свињо месо“ место „свинско месо“, „кучја тенија“ место кучешка тенија, што е бесмислица. Скопјани едноставно не знаат да зборуваат македонски.