Блекаут

01 June 2006

Дигимак нуди графички споредби на посетеност на блогови

Се јавија од Дигимак дека додале нови функционалности за споредба на посетеност во нивниот оддел за блогови. Ова е добар придонес за развојот на МБЗ.

Може да се спореди посетеноста на до три блогови, при што се генерира сликичка која е достапна преку внесување параметри во веб-адреса. Еве на пример како изгледа Развигор меѓу две атрактивни моми, Би и Оксиморон*.

Графикот се покажува малце поспоро, би било добро тоа да се забрза заради повратна врска (feedback, instant gratification) со посетителот.

Штета е што во списокот на блогови што ги следи Дигимак нема повеќе од блогерки! Не би било лошо да се воспостави родова рамнотежа, барем со вклучување на Ана, Археолошкиот дневник, Етна, Макондо, Реф... И да - знам дека во екипите на е-Рајдери, Фини нешта и Фотографски дневник има девојки, ама тоа се сепак колаборативни проекти.

* Имам впечаток дека авторката на блогот Оксиморон е мома, но не ме држете за збор, оти немам информација од прва рака.

3 comments:

Anonymous said...

Таман не пофали и денес излезе проблем во графиците ... со преминувањето во нов месец некако се пореметуваат графиците (линијата од 31 до 1). Сега го разгледувам тоа и се надевам дека наскоро ќе биде поправено.

Инаку, бројот на блоговите што ги следиме постојано расте и одвреме навреме се јавуваат блогери кои се пријавуваат за листата. Ќе ги додадам и овие што ги спомна, но сите други можат слободно да се пријават.

Anonymous said...

Го поправив проблемот од погоре. Еве како сега изгледа графикот за споредба на Развигор со Би и Оксиморон.

Креирав и индекс во датотека што би требало барем малку да го забрза креирањето на графикот, но ќе видам дали ќе може тоа уште повеќе да се подобри.

Anonymous said...

* Имам впечаток дека авторката на блогот Оксиморон е мома, но не ме држете за збор, оти немам информација од прва рака.


Еве ти информација од прва рака :)
Мома не сум, ама сум жена. Значи, сепак женски пол ;)
И, изглеа имаме и заеднички другар(Злочко), бидејќи на неговиот блог (http://zlochko.stumbleupon.com/) ја имам видено твојата слика ;)
Инаку....добро котираш помеѓу две девојки... :)))