Блекаут

29 June 2006

Иронија на судбината за тоа со хотелиерката

Нели е иронично што една сторија родена за тој жанр на сајтови требаше на македонски јазик прво да се појави на еден блог (24.6.), па во еден дневен весник (27.6. на насловна), па во друг дневен весник (28.6), за дури по четири дена да заврши и на еден корпорациски „забавен“ „портал“? И таму е една од најчитаните.

Пишувањето на името на еден од главните ликови укажува дека вторите два медиуми не ја нашле веста прво на англиски, туку го искористиле несовршениот превод од првиот весник. Хокеарската лига НХЛ дури има објавено и официјален водич (PDF, 160K) за изговарање на имињата на играчите.

Дали од погоре изнесеното следува дека во Македонија не само што истражувачкото новинарство е во повој, туку и уредниците на „порталите“ кои се креатори на јавното мислење на многумина сурфери, баш и не сурфаат?

Но, што да се прави, освен да се укаже - да сурфаа, ќе можеа овде да го прочитаат тоа со значајна предност пред конкуренцијата.

2 comments:

Anonymous said...

izvlekuvas pogresni prasanja. totalno e beznacajno koj dosol prv, vtor ili tret do 'otkritieto' za najnoviot decko na paris hilton. pa uste ti ovaa banalnost si spremen da ja povrzes so kvalitetot na istrazuvackoto novinarstvo??? alo?! edinstvenoto interesno ovde e toa sto ovaa beznacajna i trivijalna 'vest' si ja objavil ti (dobro, prv si bil, alal vera ISTRAZUVACU)) a obicno obozavas naokolu (po net) da dramis protiv trivijalizacijata na sodrzinata na makedonskiot web.

Развигор said...

Иако содржината е тривијална, следењето на текот на веста не е безначајно. Овој случај ми беше интересен оти светските агенции не го имаа објавено македонскиот аспект на аферата, па затоа оние локални медиуми што преземаат од нив или требаше сами да им текне или да го дознаат од изворот кај што јас го дознав (мејлинг листа - документирано во оригиналниот пост) или да го дознаат едни од други. Хронологијата и препишувањето на изговорот на името се доволни индикатори.

Друг доказ за ова погоре е што во тековната Антена има напис за аферата, типот е наречен Џозе, а ништо не се споменува за потеклото - иако е дефинитивно тоа најинтересно за нашата публика. (Да, патетично е што етницитетот и оговарањето се толку интересни, но тоа е друга тема.)