Блекаут

08 June 2006

Наместо врсници, медиумите промовираат средовечни ликови како тинејџерски идоли

Повеќето од личностите кои популарната култура ги наметнува како интересни за тинејџерите не се тинејџери. Ретко може да се сметаат и за млади, а често се и поприлично средовечни.

Еден типичен пример е списанието Тин-шема, кое бездруго презема материјали од странски списанија со иста тематика. На насловната страница на најновиот број (Теа, 7 јуни 2006 г.), примат со најголема фотографија има Памела Андерсон (39), а со помали се претставени Мадона (48), Емили де Рејвин (25), Паркети (возраст неопределена, но тинејџери - не се) и Андриј (30) и Кирстен (28) Шевченко.

Меѓу написите за глумци и пејачи ретко се наоѓаат оние за тинејџери, но затоа има за Мајкл Џексон (48), Ленс Армстронг (35), Дејвид Ли Рот (52), Хит Леџер (27), Бијонсе (25)... и низа други нетинејџери, како Бладхаунд генг, чии членови се родени помеѓу 1971 и 1974 година. (Податоците за возраста може да ги потврдите на англиската Википедија.)

Всушност, единствен напис за тинејџери, покрај одговорите на писма на читатели од психотерапевт, е оној за учениците од Делчево што добиле награда за изработка на веб-сајт.

6 comments:

Photo Volan said...

Како го пронајде написот !?

Тинајџерите од написот навистина заслужуваат повеќе и верувам ке успеат во животот... ако заради ништо друго тогаш од инает оној балкански :)

Tome said...

А што би предложил ти, наместо овие старци по тинејџерските списанија? Да има исти такви написи, ама за тинејџери? :)

Anonymous said...

se promoviraat i tinejdzeri-idoli odvreme-navreme
ete naprimer vo nedelno vreme na zadna
strana gi pominaa site srednoshkolki vo Makedonija :))
prvo bea tie shto sakaat da bidat manekenki i da studiraat menadzment :)

i otkako im snema mislev kje preminat na informaticarkite , pa na onie so odlicen uspeh i primerno povedenie

ama NE! preminaa na svetskite tetki:)

Anonymous said...

Хеј... што им фали на информатичарките? :))

Развигор said...

Томе, како што и кажав во насловот - да. Мислам дека во тинејџерско списание треба да има написи за тинејџери, не за луѓе кои биле тинејџери кога тековните тинејџери не биле ни родени, но се однесуваат недораснато.

Развигор said...

Волан, написот го пронајдов со посета на твојот блог.