Блекаут

23 June 2006

Морето со боја на мрчење

Кога внесувам нов пост, Блогер го става овој блог на список за прикажување кога некој ќе кликне на она копчето „некст блог“ на некој друг блог. Тој другиот блог во тој случај игра улога на реферер и неговата адреса ја забележува Сајт-митер.

Ретко ги ѕиркам тие блогови, ама еве, пред малце кликнав на линкот до еден од нив (The Whine Colored Sea). Го држи некој Бен од Лос Анџелес, кој објавува рефлексивни впечатоци за филмовите што ги гледал.

Тековниот насловен пост му е за Судир (Crash, 1996) на Дејвид Кроненберг, направен според романот на мајсторот за создавање атмосфера Џејмс Г. Балард (J. G. Ballard). Не оној новиот истоимен филм (2004) - и тој е натпросечен, ама овој е баш добар. Го гледав во кино на времето и иако го немам „повторено“ на видео или диви(кс)ди, прилично добро ми е останат во сеќавање.

No comments: