Неготинци ќе продаваат грозје преку интернетИако проблемов е далеку покомплексен од оној на земјоделците што бараат Владата да им обезбеди пласман на кромидот, и пред се се однесува на функционирање на правната држава и односот на властите со de facto-монополските прекупци, сепак е индикативно што нешто што е нормално за современо пазарно стопанство се споменува во форма на закана.
АКО ВЛАДАТА продолжи да не игнорира, в година грозјето ќе го продаваме преку Интернет, изјавија вчера неготински лозари и за во вторник најавија масовни протести во Неготино, бидејќи не можат да си ги добијат парите за родот што му го продадоа на „Повардарие“.
- И да има средба со премиерот Бучковски, не го откажуваме протестот бидејќи, ако сакаше, тој досега ќе го решеше проблемот. Веќе размислуваме за порадикални мерки. Децата нема да ги пуштаме на училиште, а размислуваме да ја блокираме и пругата – се закани вчера Борис Давидов од одборот на неготинските лозари.
Тие бараат Владата да го земе виното и таа да го продава.
Винарската визба „Повардарие“ на лозарите им должи 1,7 милиони долари за ланското грозје. Тие се лути што Владата го отврза кесето за тиквешките лозари, а за нив не сака ни да слушне. (И.М.)
Блог на најразновидни теми, меѓу кои стрип, анимација, тековни настани, историја, палеонтологија и интернет, со препораки или кудења на нешта што може да се прочитаат, изгледаат или ислушаат. Другото сè е сеир.
Блекаут
04 June 2006
Земјоделци се закануваат дека ќе употребат интернет!
Целосно пренесен напис од насловната страница на весникот Шпиц, бр. 4, од 3-4 јуни 2006 година:
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
2 comments:
se ushte go nema Spic na internet? :(
Ова е само доказ за мојата теза дека што помалку се меша државата во работата на приватните фирми (вклучително и земјоделци, па и преку субвенции), тоа подобро за сите.
Еднаш мора сите кои се зафатиле со приватен бизнис да го добијат отрезнувачкиот шамар, а што порано, тоа подобро. Ако маката го натера човек, сам ќе си најде пласман на производите. Или некој можеби повеќе сака да верува во добрата волја на некое заспано чиновниче во државна администрација, дека тоа ќе му го реши неговиот проблем подобро од него самиот.
Post a Comment