Блекаут

10 July 2006

Мојот дневник во Неделно време

Тековното Неделно време (број 773, 09.07.2006) во рубриката „мојот дневник“ под наслов „Средата целосно ми го измести чувството за време“ објави мала хроника на некои од настаните кои ми се случија изминатата недела. Ја искористив приликата да изнесам една покана...
Вечерта, при излегување на сладолетче, имавме блиска средба со госпоѓа-возач со црвено пунто (SK 038 OK) на семафорите пред Соборниот храм, која наместо напред тргна во рикверц. Беше љубезна, но не почека додека ја испитував малата вдлабнатинка на мојата хауба. Доколку го чита ова, би сакал да ја поканам на заедничка дијагностичка посета на автолимар (тел. 3109-325 во раб. време).
Ова е инаку втор пат да пишувам јавен дневник за во печатен весник. Првиот пат беше за словенечкото културно списание Бал-канис (Balcanis), летото 2001 година. Во обата случаи повеќе се концентрирав на тековната работа од јавен интерес, а помалку на интимата.

4 comments:

Shepard said...

сурфува?!?!

инаку.. поканава.. :))))

Razvigor said...

Еи, да, тоа „сурфува“ е лекторска интервенција направена без мое одобрение и стручна поддршка.

Moby said...

Стварно мајката ... во истото Неделно Време има и "Блогува" ?!?

Сега скрос се збунив...

блогуваме или блогираме

и сурфуваме или сурфаме

:)

GoodBytes said...

Исто проблем е и со Интернет адресите кои се конвертирани во кирилица. За тој клубот во тетовско, на пример.

Зошто ова вака се прави, сум забележал и во други весници? Зарем сеуште новинарите пишуваат во MAC C Times?

Инаку, дневникот беше интересен, а и поканата ми се допадна. Секоја чест, „госпожата“ заслужила.