Блекаут

11 July 2006

Нема веќе мега, кило, заборави сè што било

Борба за нов стандард! Институтот на инженери на електрика и електроника (IEEE) предлага (IEEE 1541) да не се користат префиксите кило, мега и слично, кои означуваат степени на десет, наместо степени на два, туку нови попрецизни префикси:
  • kibi (Ki), 210 = 1.024, наместо kilo (K), 103 = 1.000;
  • mebi (Mi), 220 = 1.048.576, наместо mega (M), 106 = 1.000.000;
  • gibi (Gi), 230 = 1.073.741.824, наместо giga (G), 109 = 1.000.000.000;
  • tebi (Ti), 240 = 1.099.511.627.776;
  • pebi (Pi), 250 = 1.125.899.906.842.624;
  • exbi (Ei), 260 = 1.152.921.504.606.846.976;
Благодарност до Кире (DreamLog) за информацијава.

2 comments:

Tome said...

Ама знаеш и самиот дека во компјутерската индустрија, иако се користат SI лабелите, се подразбираат kibis, mebis i gibis :). На пример, секој компјутерџија знае дека килобајт не се 1000 бајти туку 1024 бајти... новите имиња тешко влегуваат во употреба ;).

Каква корист од овие клингонски лабели ќе има general public, не знам. Сепак е ова само мое мислење :)

Фројд. said...

Некако позадината на оваа промена ми е логочна, иако не ми се допаѓа (нели, преминот од аналогно во дигитално општество би требало да се обележи и на овој начин).

Како што вели Томе, знаеме дека KB не е 1000B, ама не ни смета (барем мене не...)