Блекаут

13 July 2006

Нова добра идеја на Дарко - групен МК блог на англиски

Поттикнат од споменувањето на блогерите-премостувачи, Дарко од Комуникации има нова добра идеја:
Веќе подолго време имам идеа да поттикнам иницијатива за креирање на колаборативен блог на кој сите заинтересирани МК блогери од време на време би пишувале постови на англиски јазик со теми интересни за глобалната публика, а сепак врзани за МК, без разлика дали то ќе бидат оригинални или веќе објавени текстови.

Со цел, откако ќе го пријавиме на листата на Global Voices некој од уредниците да објавува (бендисува) некои од постовите на насловната страна, со што би вршиле промоција, не само на МК туку и на МБЗ.
Поддршка за идејата. Имам искуство со вакви проекти (не на блогерска платформа, но со сличен концепт) и мислам дека се многу полезни. Таквите брзо стекнуваат и голем пејџ ранк и други погодности, оти ги нема многу...

No comments: