Не знам што има следното прашање со темата
„едукативна димензија на стриповите“ од форумот
За забава, но секако е валидно да се постави:
Не знам само, зошто девојките во огромен број (90%) се толку против стриповите, зошто од мали се врзуваа за телевизор и шпански серии, за глумци и пејачи. Би можел ли некој да го расветли тој феномен?
Прво, процентот не пишува од каде е добиен. За да се каже бројка, треба да се има и емпириско истражување. Можеби е предрасуда дека повеќето женски не сакаат с
трипови, а повеќето машки сакаат. Во секој случај, на сите заинтересирани за темата, прво им препорачувам да ги прочитаат следните два написи:
Конверзацијата меѓу мажите и жените е меѓукултурна комуникација. Културата е едноставно мрежа од навики и модели наталожени од минатото искуство, а жените и мажите имаат различни минати искуства. Од времето кога се раѓаат тие се третирани на различен начин, со нив се разговара различно и како резултат на таквиот однос тие разговараат поинаку. Момчињата и девојчињата растат во различни светови, дури и ако пораснат во иста куќа. Како возрасни тие патуваат во различни светови, ставајќи ги во сила шаблоните воспоставени во детството. Овие културни разлики вклучуваат различни очекувања за улогата на разговорот во врските и за нејзиното исполнување.
U tradicionalno šovinističkim stripaškim krugovima toliko je malo žena da prosječan strip fan vjerojatno neće ni znati kako razgovarati s Vama. Ako dame, iz nekih razloga, i dalje imaju žarku želju ući u to društvo, trebaju zapamtiti samo tri imena: Corto Maltese, Aster Blistok i Dylan Dog. Trojica navedenih su tri strip lika koje ženska populacija provjereno najviše čita...
И овде има генерализација. На времето на ИнФорма ЕИС правевме анкета и мислам дека Загор беше најомилен кај жените, а често барем во муабети пред мене луѓе од тој род ја споменуваат и Модести Блејз.
2 comments:
Ја по грешка коментаров сум го ставила у другиот пост :)
еве го кај шо му е местото ;)
Еве, ја да си кажам дека порано многу читав стрипови. Омилени ми беа Марти Мистерија и Загор. Но ги читав и Блек Стена, Дилан Дог, Ник Рајдер, Капетан Мики, Мистер Но, Алан Форд, Модести Блејз, Спајдермен.......
Мислам дека стриповите (како и цела литература која се конзумира) имаат одредено влијание на развојот на личноста. Во стриповите скоро секогаш победува доброто и се создава идеологија да се делува позитивно ;)
А за машки и женски навики за читање на стриповите....шо знам, ја мислам дека тоа е индивидуален избор кој зависи од карактеристиките на личноста. Ама, факт е дека женските повеќе сакаат шпански серии, романтични комедии и слично, отколку стрипови кои ги сметаат за акциони и понекогаш насилни. Но, ко шо реков, секогаш има отстапувања, де ;)
И јас сакам стрипови и сакам да ги читам и ги читам, а сум женско ;)
Post a Comment