Во
„Каматите на македонските банки поефтини за компјутери“ Мијалче нуди разработена и аргументирана идеја за поттикнување на користење на е-банкарството:
Затоа може е и време банките да размислат за намалување на каматите за компјутерите и тоа не од некоја добротворна причина туку затоа што на тој начин ќе си ги намалат трошоците, подобрат односите со клиентите и се разбира подобрат профитите (во најмала рака да останат исти).
...а и:
Сето ова може да оди и понатаму. Банката склучува договори со дистрибутерите на компјутери и тие даваат попуст од 5% доколку купиш компјутер од нив со кредит од дадената банка.
Мора да се земе предвид дека е-бумот во Естонија бил поттикнат токму од тамошните банки, кои вложиле во информатичко описменување на населението како чекор во изградбата на публика за е-услуги.
No comments:
Post a Comment