Блекаут

20 July 2006

Национализмот ја затапува окамовата острица

Вилијам од ОкамОкамовата острица (Occam's Razor) е принцип на расудување кој налага при објаснување на дадена појава да се користат што помалку предубедувања или релевантни ентитети, односно колку поедноставно толку подобро.

Како и многу други рационални механизми, методов е немоќен кога се соочува со ирационални појави, како национализмот. На пример, забележете го објаснувањево за потеклото на името на градот Волос во Тесалија, Грција:
As for the derivation of the word "Volos", which according to a Byzantine historian of the 14th century was called "Golos", there are several theories; the most widely accepted is that it represents a corruption of the Mycenaean lolkos.
во превод:
Има неколку теории во врска со потеклото на зборот „Волос“, кој според еден византиски историчар во 14 век се викал „Голос“. Најшироко прифатена е онаа која вели дека се работи за мутирана форма на микенскиот збор „лолкос“.
Иако е далеку поедноставна, не се зема предвид можноста за негрчко потекло на топонимот, идентичен со името на старословенскиот хтонски бог Волос, според кој е наречен и денешен Велес.

No comments: