Намената на оваа веб-алатка е да овозможи лесно внесување Јуникод (Unicode) знаци преку соодветен HTML код. Треба само да се избере и кликне знакот (буквата, симболот) и да се ископира добиената вредност. HTML Keyboard најмногу е наменет за блогерите, но генерално може да се користи за било каков HTML документ. HTML Keyboard ги листа сите Unicode знаци од 1 до 30 илјади (во стандардизираната табела има и некои „дупки“) и е еден вид проширена тастатура.Тоа би било. Нема утка. ҉
Секоја табела (страница) покажува по 100 (10 х 10) знаци, а движењето низ табелите оди преку навигациските ленти, кои се веднаш над и под табелата: Home, 1, 2, 3...
На пример, кириличното ...подмножество почнува од страницата 10, грчките букви се на страницата 9 и слично.
PS
Кој не ги знае, нека ги ѕирне и другите корисни алатки од истиот автор: конверторот за кирилица и Технорати мак топ.
Теми: македонски јазик, блогерски алатки и техники.
2 comments:
Фала за линкот. Ќе биде корисно што повеќе луѓе да разберат за оваа алатка.
Молам. Се надевам повеќе блогери ќе развијат навика да линкуваат во постови, особено оти така и се штитат од цензура.
Post a Comment