Блекаут

24 June 2006

Италија: Бесплатен влез во музеите за луѓе со посебни потреби

Туристичкиот одбор на Владата на Италија известува дека
...од ова лето, сите лица со посебни потреби ќе имаат бесплатен влез во сите музеи, споменици, галерии, археолошки локации, паркови и монументални градини во сопственост на државата. Влезен билет нема да се наплатува и за придружникот кој обезбедува грижа, ако е волонтер, член на семејството или социјален работник.

1 comment:

Anonymous said...

Во многу европски држави има дефинирано оф-пик термини (пр. понеделник и вторник од 09-11 час) во кој сите основци, средношколци, студенти и пензионери имаат бесплатен влез во музеи и слични установи.

Исто така многу е битен фактот што вообичаено во сите земји има многу поголема понуда на музеи, настани и изложби отколку кај нас. Не сум сигурен дека на пр. македонците имале можност да посетат некоја изложба со некои ептен познати слики. А тоа е изводливо, потребна е само иницијатива, резервација и логистика.