Блекаут

05 July 2006

Препорака: HTML Keyboard за букви со цртички

Со новата алатка на Гуд бајтс наречена ХТМЛ киборд (HTML Keyboard) веќе нема да ви требаат поуките за кодови за специјални знаци. Авторот објаснува:
Намената на оваа веб-алатка е да овозможи лесно внесување Јуникод (Unicode) знаци преку соодветен HTML код. Треба само да се избере и кликне знакот (буквата, симболот) и да се ископира добиената вредност. HTML Keyboard најмногу е наменет за блогерите, но генерално може да се користи за било каков HTML документ. HTML Keyboard ги листа сите Unicode знаци од 1 до 30 илјади (во стандардизираната табела има и некои „дупки“) и е еден вид проширена тастатура.

Секоја табела (страница) покажува по 100 (10 х 10) знаци, а движењето низ табелите оди преку навигациските ленти, кои се веднаш над и под табелата: Home, 1, 2, 3...

На пример, кириличното ...подмножество почнува од страницата 10, грчките букви се на страницата 9 и слично.
Тоа би било. Нема утка. ҉

PS
Кој не ги знае, нека ги ѕирне и другите корисни алатки од истиот автор: конверторот за кирилица и Технорати мак топ.

Теми: македонски јазик, блогерски алатки и техники.

2 comments:

GoodBytes said...

Фала за линкот. Ќе биде корисно што повеќе луѓе да разберат за оваа алатка.

Развигор said...

Молам. Се надевам повеќе блогери ќе развијат навика да линкуваат во постови, особено оти така и се штитат од цензура.