Блекаут

01 February 2006

Развигор отвора подружница на Блогерај

Решив да го пробам Блогерај, за од прва рака да ги видам можностите што ги нуди, па отворив подружница на Развигор.

Во прво време ќе го искористам како еден вид на „рачен“ фид за препорачување на најдобрите написи од верзијата на Развигор на Блогер.

(Забележав дека се создава своевиден јаз меѓу блогерите од Блогерај и блогерите кои користат други системи. Насловната страница на Блогерај служи како своевиден агрегатор кој ги пренасочува посетителите кон нови постови само од неговите блогови, додека „постарите“ блогери повеќе користат агрегатори како Маседониа срч или Блогосфера, жалејќи се на спамот создаден од автоматското, неселективно презентирање на сите постови од Блогерај на Најди. Таквиот јаз не е страшен и може да се надмине со малку добра волја и техничка експертиза.)

4 comments:

Darko156 said...

Си го утнал линкот :)

Razvigor said...

Фала Дарко. Го поправив.

bezvrska said...

:) Сепак не се го поправил. Место кон блогерај насочува кон razvigor.blogspot.com

Јован said...

Гугл Ридер и Блоглајнс исто така се алатки кои често ги користат поискусните луѓе...